четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаСпортКарате федерацијата на Македонија го дискриминира КК Штип, утврдила Комисијата за заштита...
spot_img

Карате федерацијата на Македонија го дискриминира КК Штип, утврдила Комисијата за заштита од дискриминација

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење по претставката на тренерите на КК Штип, Сашко и Жарко Арсовски, како и натпреварувачите од овој клуб Бобан Џамѓозов, Драгана Ефтимовска и Виктор Спасов против Карате федерцаијата на РС Македонија и нејзините орани и тела за извршена дискриминација врз основа на лично својство и општествен статус и возраст, спортски работници и спортисти во областа на спортот.

Комисијата во Мислењето вели дека тие се подложени на дискриминација:

„Се утврдува директна и продолжена дискриминација извршена од страна на КФСРМ врз основа на лично својство и општествен статус во областа на спортот кон Сашко Арсовски, тренер, Жарко Арсовски – тренер, Бобан Џамѓозов – спортист-каратист, Драгана Ефтимовска– спортист-каратистка и Виктор Спасов – спортист-каратист, членови на КК Штип од Штип.

Во врска со Мислењето се огласи и Карате клубот Штип.

„Карате клубот Штип од Штип клуб со најголеми спортски достигнувања во нашата држава, единствен со два светски сениорски медали и многу европски медали, за чие постигнување клубот во континуитет работи целосно посветено и професионално со најдобрите тренери браќата Сашко и Жарко Арсовски за што потврдуваат спортските резултати“, се посочува во реакцијата и се истакнува:

„Веќе подолго време клубот на шампионите од Штип е на мета на нестручното и несовесното функционирање на одредени поединци во КФРСМ каде преку лоши правилници ги скратија правата на спортисти да учествуваат и да се натпреваруваат на најголемите спортски натпреварувања .

Желбата да се разбере и промени ваквата состојба не примора да се обратиме до Комисијата за заштита и спречување од дискриминација ( КСЗД ) со цел да ги натераме на одговорност стручните лица во КФРСМ при предлагање и носење на Правилници кои сеод важно зачење за клубовите и спортистите.

Да, бевме во право, со вашите лоши решенија Федерацијата дискриминира спортисти, тренери и клубот. Ова е мислење на КСЗД каде во едно детално образложение донесе и Препорака да се надминат и да не се повторат вакви и слични состојби кои се противзаконски . Сега Карате федрација на РС Македонија е на ред да ги исправи сторените грешки, а ние сме целосно посветени кон исправање на последиците и штетите во нашиот клуб. Ова е трет пат КСЗД да донесе мислење за дискриминација направено од страна Карате федерацијата.

Извор: ipon.mk

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ