четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаИронија на столетието: Џафери го осуди хулиганството, насилството и омразата
spot_img

Иронија на столетието: Џафери го осуди хулиганството, насилството и омразата

Претседателот на Собранието Талат Џафери утрово на својот фејсбук профил објави три видеа и напиша дека го признава и поддржува правото на протести, но не поддржува насилство и поттикнување на омраза.

Последиците од синоќешното дивеење пред Собранието. Признавам и поддржувам сечие право на протест, на искажување став. Постојано и силно осудувам хулиганство, насилство, поттикнување на омраза, зашто тие не се решение, напиша Џафери на фејсбук.

Дел од медиумите објавија дека по вчерашниот протест против францускиот предлог има искршени стакла и на Министерството за надворешни работи.

Од Собранието информираат дека се уште не се знае колкава е штетата и најавуваат дека дополнително ќе информираат за тоа.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ