четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsИницијатива по Ацо Шопов да се именува Филолошкиот факултет во Штип
spot_img

Иницијатива по Ацо Шопов да се именува Филолошкиот факултет во Штип

Има волја да се реализира иницијативата Филошкиот факултет при Универзитетот Гоце Делчев да го носи името на познатиот македонски поет Ацо Шопов, кој е роден во Штип. Ова го истакнаа ректорот Дејан Мираковски, а деканката на Филолошкиот факултет Луси Караниколова-Чочоровска која се согласува, со иницијативата, вели дека мора најпрво да се разгледаат правните аспекти, кои може да бидат пречка.

„Се дискутира на таа тема и треба да се разгледаат правните аспекти, бидејќи ние сме интегриран универзитет, на којшто сите единици се делови од Универзитетот Гоце Делчев. Лично јас немам никаква забелешка, доколку еден ваков истакнат поет биде патрон и неговото име е на Филилошкиот факултет“, изјави Мираковски.

Деканката на Филолошкиот факултет, Караниколова-Чочоровска посочи дека нејзините заложби се овој факултет да го носи името на Ацо Шопов. Меѓународната научна конференција „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ собра научници од сите страни на светот и од Универзитетите во земјава и на Балканот.

„Покриен е добар дел од севкупната творечка активност на Ацо Шопов почнувајќи од неговата поезија и неговите препеви. Интересно е тоа што многу се пишува за поезијата на Шопов конкретно на нашава конференција и тоа препеви на германски, турски, потоа Шопов препеан на руски, на англиски, француски. Простете ми ако некој од јазиците на којшто ќе третира препеаноста на поезијата на Шопов го пропуштив“, вели Караниколова-Чочоровска.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ