Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна, рече Путин во друштво на неговиот белоруски колега Лукашенко, со кој денеска се состануваат.
Има мало поместување во преговорите меѓу Украина и Русија, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, иако не прецизираше во врска со што, додека официјален Кремљ не негира дека тет-а-тет средба Путин-Зеленски е можна, но со претходна подготовка.
– Има одредени позитивни поместувања, ми велат преговарачите од наша страна – рече Путин на средбата со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат „практично на дневна основа“.