Легендарниот шведски фудбалер постигна вкупно 511 гола и освои шампионски титули во четири земји, но една вреден пехар му недостасува.
Златан Ибрахимовиќ (41) вчера се прости од фудбалот ставајќи крај на својата професионална играчка кариера. По натпреварот помеѓу Милан и Верона, легендарниот шведски фудбалер објави дека со истекот на договорот со Милан завршува и неговата фудбалска кариера.
Ибрахимовиќ со многу емоции и солзи во очите се прости од навивачите.