сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЗошто треба секојдневно да консумирате калинка?
spot_img

Зошто треба секојдневно да консумирате калинка?

Калинката се смета за едно од најздравите овошја поради уникатниот состав и огромниот број корисни својства за организмот. Истражувањата покажале дека сокот од калинка содржи дури 15 видови аминокиселини од кои 6, освен во калинката, ги има само во месото. Затоа калинката може да биде одлична замена за месото доколку се одлучите да се откажете од месните производи. Во продолжение прочитајте ги здравствените придобивки од секојдневното консумирање калинка.
1. Ја подобрува хормоналната рамнотежа
Семките од калинка содржат масла кои ја воспоставуваат хормоналната рамнотежа во организмот. Ова овошје е особено важно кога станува збор за женското здравје бидејќи ги ублажува болките за време на менструација, ја смирува главоболката и помага при менопауза.
2. Делува како природен инсулин
Калинката е корисно овошје особено во случаите на дијабетес. Половина лажичка сок од калинка 4 пати на ден го намалува нивото на шеќер во крвта.
3. Го зголемува хемоглобинот
На лицата со анемија им се препорачува да пијат половина чаша разреден сок од калинка 3 пати дневно 30 минути пред оброкот.


4. Ја дезинфицира усната шуплина
Кората од калинка ја ублажува болката во грлото и ја дезинфицира устата при стоматитис и фарингитис.
5. Го намалува крвниот притисок
Калинката може да го намали крвниот притисок без негативни последици врз организмот. Покрај тоа, ова овошје има и смирувачки својства. Во случај на несоница и анксиозност, се препорачува пиење чај од калинка.
6. Ја подобрува меморијата
Студиите покажале дека консумирањето 8 мл сок од калинка во текот на четири недели значително ги подобрува индикаторите на вербалната и визуелната меморија.
7. Го намалува гладот
Само 1 чаша сок од калинка дневно ви помага да останете сити. Според научниците, за овој ефект се одговорни полифенолите кои се содржат во сокот од калинка.
8. Штити од болести на кардиоваскуларниот систем
Редовното консумирање калинка значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Според некои истражувања, сокот од калинка штити од инфаркт и од мозочен удар.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ