Земјите на ЕУ се согласија да ги поедностават правилата за патување со сертификати за ковид.. се олабавуваат и мерките. Локдаунот во австрија завршува следниот понеделник. Сите оние кои примиле две дози и бустер доза од вакцината можат да влезат во Австрија без никакви ограничувања.
Англија се враќа на „планот А“ – ќе учи да живее со инфекцијата, маските за лице и ковид-пропусниците повеќе не се законска обврска. Сепак,маски ќе се носат во дел од продавниците и во јавниот превоз.
Во дел од европските земји пак се рушат дневни рекорди со новозаразени. Во Германија во последните 24 часа се откриени повеќе од 203.000 случаи – највисок дневен билтен евидентиран од појавата на ковид-19. Во Словенија се потврдени рекордни 17.491 нови случаи.