четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsЗа најмногу два месеца, ниските делови од штипската населба Суитлак ќе имаат...
spot_img

За најмногу два месеца, ниските делови од штипската населба Суитлак ќе имаат вода

Неполни два месеца е потребното време за граѓаните од првата зона на штипската  нас. Суитлак  да добијат вода за пиење. Во овој момент, главната водоводна линија е инсталирана и останатите детали се од техничка природа.

Останатите жители од Суитлак кои објекти имаат во повисокит дел од населбата, водата може да ја очекуваат во текот на идната година.

Решавањето на овој основен проблем за познатата населба е еден од приоритетите на ЈП Исар – Штип, поради што и чести се непосредни средби со граѓаните и Иницијативниот одбор, бидејќи 90 граѓани, досега авансно уплатиле по 15.000 ден. за да добијат вода.

Согласно договорите кои граѓаните ги имаат потпишано со ЈП Исар, поврат тие може да бараат доколку услугата не биде реализирана.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ