петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЗастрашувачка временска прогноза: Големо невреме се движи кон Македонија - можни се...
spot_img

Застрашувачка временска прогноза: Големо невреме се движи кон Македонија – можни се поплави!

Метеорологот Славчо Попоски вели дека за време на викендот ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд, грмежи, засилен ветер, а можна е и локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени, додека во недела ќе биде најтопло, и во најтоплите предели температурите се очекува да се искачат близу 40 степени.

„Под влијание на нова циклонска активност од запад и југозапад, во текот на следната седмица времето во Македонија ќе биде особено нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат доста интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд кој за кратко време ќе услови поголемо количество на воден талог (можни локални поплавувања), силен ветер, силни и чести електрични празнења и со појава на град кој би можел да биде и од поголем пречник. Температурите во текот на следната седмица ќе бележат тенденција на постепено опаѓање“, вели Попоски.

Со оглед на тоа дека во следниот период повторно очекуваме циклон над Македонија и многу нестабилно време, во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја. Исто така во случај на електрични празнења овчарите своите стада да ги делат во помали групи, со цел истите да ги заштитат. Граѓаните кои возат автомобили, истите во случај на силен ветер да не ги ставаат во близина на дрвјата, со цел да не дојде до несакана штета.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ