четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаЖивотот е тркало, а тркалото се врти: Текстилната индустрија во паника, има...
spot_img

Животот е тркало, а тркалото се врти: Текстилната индустрија во паника, има потреба од неколку илјади работници – Младите незаинтересирани, попрво ќе работат во кафуле отколку во текстилна фабрика!

Македонскиот текстилен сектор може слободно да апсорбира и до 5.000 работници, но тие многу тешко се наоѓаат. Дел од работничките кои работат во фабриките, заминуваат сезонски во странство, и нема кој да ги замени. Иако компаниите постојано објавуваат огласи за прием на нови работници, интересот е многу слаб или скоро и да го нема.

Дури имало и обиди преку Агенцијата за вработување, да се мотивираат невработените да се вработат во овој сектор, но тоа не вродило со плод со што текстилните компании не би имале недостиг од работна сила.

Потреба за рабонички има во Скопје, Штип, Берово, Делчево. Во градовите од Источна Македонија, се одлеваат работници, одат на сезонска работа во Италија и тоа е така со години. Фалат работници за мануелна работа.

Потребни се шивачки, а кројачи скоро и да нема. Има компании каде 20 отсто од работничките за 1 или 2 години ќе одат во пензија, и допрва ќе стане полошо. Проблемот не е само платата, таа е само еден сегмент, но проблемот има многу подлабоки корења. Младите попрво ќе работат во кафуле и во продавница, дури и со половина работно време, но не сакаат да работат во текстилна фабрика.

Проблем е општествениот статус, и оваа професија е навистина деградирана. Ако порано беше гордост да работи некој во производство, денес е срам. Присутна е таа појава да заминуваат работниците кој каде ќе се снајде. Некои работници одат по месец, два, три во странство за да работат на лозја.

Две години кај мене нов работник не е дојден, а си заминаа 2 во истиот период. Текстилците велат дека многу е тешко да обучат кадар за работа, а истиот многу лесно го губат затоа што тие работници се одлеваат во други сектори каде работата е полесна, и платите се повисоки.

Пред пандемијата во овој сектор беа ангажирани околу 35.000 работници, а сега се смета дека бројката е сведена на 30.000.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ