петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотЕмотивна сторија со хепинед на пасторот Филип Иванов: „Бубамарата“ им ја исполни...
spot_img

Емотивна сторија со хепинед на пасторот Филип Иванов: „Бубамарата“ им ја исполни желбата, малите Сафет и Харун добија велосипеди (ФОТО)

Пасторот Филип Иванов, познат како голем хуманитарец, вчера на својот Фејсбук профил објави емотивна сторија за малите Сафет и Харун, која денес заврши со хепинед.

Иванов на своите следбеници на ФБ ги претстави Сафет и Харун, кои често поминувале покрај црквата со цел да добијат по некој оброк. Така седејќи и муабетејќи здогледале бубамара, па се договориле да уловат една со цел да си посакат желба и потоа да ја пуштат да одлета. И двајцата си посакале нови велосипеди, а пасторот откако им ја слушнал желбата, истата решил да ја сподели на својот ФБ профил:

„Во тој момент јас знаев што сака Господ да направам, да ја пуштам „бубамарата“ тука на Фејсбук, па ако некој сака да им ја оствариме желбата – нека ми пише, може да купиме нови, а може и да се најдат користени и здрави. Сафет е девет години, Харун е пет. И не, не мора точаците да се баш како тој на попот“, пишуваше на статусот на Иванов, кој наиде на бројни позитивни реакции и големи хуманитарци.

Денес, Филип објави дека желбата на Сафет и Харун е исполнета, споделувајќи фотографија од нивните нови велосипеди, слика која наиде на воодушевување и емоции.

„Еве ги денес Сафет и Харун со нови бајкови, тоа „бубамарата“ чуда направи, радости еден тон! 😇 Ви благодарам на тие што земавте учество во ова нешто, Господ нека направи нивнава радост да биде и ваша засекогаш“, стои во написот на Иванов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ