четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаЕкономијаЕВРОПСКИ „ИЗГОР“ ЦЕНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПУМПИ: Споредба на цените на горивата по...
spot_img

ЕВРОПСКИ „ИЗГОР“ ЦЕНИ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПУМПИ: Споредба на цените на горивата по земји

Од денеска на бензинските пумпи се точи гориво по зголемени цени, а откако вчера Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ги поскапи горивата од половина до еден денар. Според новиот ценовник моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95  чини 79,5 денари за литар, додека моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 е 81,5 денари за литар. Изразени во евра, цената на бензинот од 95 октани е 1,292 евра, а на 98-мицата е 1,325 денари. Литар дизел чини 71,5 денари или 1,162 евра. 

Споредба со цените на горивата во соседството, но и во земји од Европската Унија покажува дека Македонија сериозно се приближи на европскиот просек на цени на нафтените деривати. Секако цените зависат од референтните цени на нафатата, но во меѓувреме стандардот на граѓаните во  земјава не е конкурентен со европскиот

Фактор прави приказ за некои од цените на горивата по земји, а податоците се заклучно со 26 јануари.

На тој ден литар бензин 95 во Бугарија чини 1,19 евра, а бензинот од 98 октани е 1,38 евра, додека литар дизел чини 1,12 евра.

Во Хрватска 95-ката е 1,51 евра, 98-мицата е 0,26 евра, а дизелот 1,5 евра.

Во Србија бензинот од 95 октани е 1,44 евра, од 98 октани е 1,53 евра, а дизелот е 1,52 евра

Во Словенија литар бензин 95 е 1,385 евра, 98 е 1,575 евра а дизелот чини 1,475 евра.

Од Црна Гора последниот податок е од 12 јануари – литар бензин 85 е 1,420 евра, 98-мицата е 1,390 евра, а литар дiзел е 1,280 евра.

Од соседните земји најевтино е горивото во Косово и во Албанија. Така, во Косово бензинот и дизелот чинат по едно евро, додека во Албанија 95-ката е 1,20 евра, а литар дизел се продава за 1,16 евра.

Во Турција бензините се далеку поевтини а таму литар 95- ка е 0,94 евра, 98-мицата е 0,98 евра додека литар дизел е 0,96 евра.

Цените на бенизните во Русија се уште пониски и се движат до најмногу 0,68 евра за лиар. Поскапи се во некои земји од Европската Унија иако сега и нашите цени станаа сериозно конкурентни со тие.

Во Австрија литар 95-ка е 1,418 евра, бензинот од 98 октани е 1,420, а дизелот 1,408 евра.

Бензинот е поевтин во Унгарија каде 95 е 1,329, а дизелот 1,322 евра. Во Романија на 26 јануари литар бензинот од 95 октани чини 1,29 евра, 98-мицата е 1,31 евра, а дизелот 1,29 евра.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ