вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМузикаЕвровизискиот претставник на Македонија ќе прави свадба: Васил Гарванлиев кажа „ДА“ –...
spot_img

Евровизискиот претставник на Македонија ќе прави свадба: Васил Гарванлиев кажа „ДА“ – се сврши и многу е заљубен!

Васил Гарванлиев се сврши во Америка, каде што претстојува последниве неколку месеци. Минатогодишниот евровизиски претставник, потврди дека е вљубен и на како што рече на неговиот струмички дијалект „армасан“.

Утрово, тој на Фејсбук објави интесесна фотографија на која се покажува рака како држи кутија во која најверојатно има накит. „Те сакам“, стои до сликата. „Небото е полно со ѕвезди, но јас гледам само една“, напишал пејачот на англиски јазик, по што неговите пријатели почнаа да му честитаат.

Васил во пораката која ни ја испрати од Чикаго рече дека е среќен и живее во бајка но не е подготвен да раскажува детали за личноста со која ќе го помине животот, извести Женски магазин.

„Добро утро од Чикаго! Уште не сум спремен да изнесам детали околу целата ситуација, но ветувам дека наскоро ќе ја раскажам бајката која ја живеам. Паралелно се погоди со новата песна којашто ќе ја пуштам утре, прва од англискиот албум, а се вика „Beautiful“, па сакам фокусот да ми е таму.

Моментално можам да кажам дека сум многу мирен, среќен, вљубен, малку шокиран но АРМАСАН! (На струмички или на македонски за верен). Многу често кажувам, внимавај што посакуваш, и дека љубовта секогаш победува. Верувај, биди ТИ, посакај, опушти се, и тоа што си е твое, ќе си дојде на свое“, ни раскажа Васил.

Тој во Чикаго замина во септември минатата година, и во моментов го снима својот албум на англиски јазик.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ