петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСценаДрастична трансформација: Девојка од Црна Гора ослабе 88kg, по операцијата на желудникот...
spot_img

Драстична трансформација: Девојка од Црна Гора ослабе 88kg, по операцијата на желудникот – претходно тежеше 160kg

„Ми беше многу, многу тешко. Многу сакам да јадам и со години килограмите само се таложеа, а јас воопшто не обрнував внимание на нив“, вели Крстиња Тодоровиќ која ослабе 88 килограми и комплетно го трансформираше својот изглед.

Крстиња Тодоровиќ е девојка од Црна Гора која направи драстична трансформација на својот изглед.

Таа тежеше 160 килограми кога се појави во едно регионално музичко натпреварување, а потоа направи операција на желудникот и ослабе повеќе од 88 килограми.

Поради драстичната промена во тежината, направи и хируршка интервенција за отстранување на вишокот на кожа.

Девојката, на која ѝ е заштитен знак моќниот вокал, сега е горда на својот изглед и постојано нагласува колку е среќна.

„Ми беше многу, многу тешко. Многу сакам да јадам и со години килограмите само се таложеа, а јас воопшто не обрнував внимание на нив. Знаев дека треба да ослабам, но никако не се случуваше тоа.

Постојано работев, имав настапи и некако тежината ја ставав во втор план. Сега, кога ќе се сетам, беше навистина страшно“, изјави Крстиња во едно ТВ гостување.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ