петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДрама, „лелеци“ и плач: Боки 13 нападнат во затворот „Идризово“!?
spot_img

Драма, „лелеци“ и плач: Боки 13 нападнат во затворот „Идризово“!?

„Бојан Јовановски-Боки 13 бил нападнат во затворот „Идризово“ каде издржува затворска казна“. Ова се информациите кои кружат на социјалните мрежи, а за кои нема потврда од службите.

„Скопје1“ преку мејл се обрати до управата на затворот, но засега нема одговор во каква здравствена ситуација се наоѓа Боки 13.

Секој затвор прави безбедносна проценка за своите затвореници и истата е направена и за Боки 13.

Во каква состојба е тој и дали е заштитен, останува неодговорено прашање. Бидејќи установата има нов директор, Шпенд Тахири, контакт од него немаме.

Боки 13 веќе скоро пет години е во затворот. Претходните директори, внимаваа на неговата безбедност, особено што, безбедносната проценка покажуваше дека може да биде нападнат во затворот.

Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски, нема добиено информација за проблем со неговиот клиент. Повеќе информации се очекува во текот на денешниот ден.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ