четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДом на млади ги отвори вратите за штипските средни училишта - Преку...
spot_img

Дом на млади ги отвори вратите за штипските средни училишта – Преку музика прикажаа што нудат на идните генерации

Отворен ден за средните училишта денеска во Штип. Во дворот на Дом на млади, преку презентации, музика, изложба, модна ревија, четирите средни училишта во Штип прикажаа што нудат за идните средношколци.

„СОУ „Јане Сандански“ оваа година запишува 175 ученика од следните профили: медицинска сестра, забен техничар, физиотерапевтски техничар, фармацевски техничар и гениколошко – акушерска сестра. На ниво на општина за првпат нашето училиште сите паралелки ги направи дуални односно паралелки со зголемен број на часови за пракса“ – вели Николиќ.

Задоволни од наставата, праксата и се што нуди средното медицинско училиште во Штип се и средношколците кои по неколку години се дел од ова училиште.

Со тенденција да се запишат повеќе средношколци оваа година и со слободни 95 места средното тексдтилно училиште ги отвора вратите за деветтоодделенците, и нуди можност да се запишат во еден од четирите образовни профили.

„СОУ „Димитар Мирасчиев“ ги нуди следниве образовни профили: техничар за изработка на облека која по концептот на дуално образование, техничар за дизајн на облека, техничар за моделирање на облека со четиригодишно образование и со три годишно образование конфекционер.“ – вели Варадиновска.

Слободни 254 места за идните средношколци има и во СОУ „Коле Нехтенин“. Во низата смерови кои ги нуди ова училиште, вработените очекуваат висок број на запишани средношколци.

„Нашето училиште изобилува со различни смерови, може да се видат и различни презентации сега овде.“ – вели Романова – Тасевски.

Квалитетна настава е она што го нуди и по што е препознатлива гимназијата Славчо Стојменски во Штип. Има слободни 160 места за идните средношколци.

„Гимназија „Славчо Стојменски“ се препознава по квалитетната настава дефинитивно. Сведоци за тоа се нашите ученици.“ – додава Лазарева.

Учениците од деевто одделение од основните училишта денеска имаа можност да се запознаат со можностите кои ги нудат средните училишта и да одлучат каде да го продолжат своето средно образование.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ