четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаСпортДерби на денот: Ливерпул бара одмазда, Реал не смее да се потцени
spot_img

Дерби на денот: Ливерпул бара одмазда, Реал не смее да се потцени

Денес на програмата се натпреварите од осминафиналето во Лигата на шампиони, а сите очи ќе бидат вперени на „Енфилд“, каде Ливерпул го пречекува Реал Мадрид. Ова е реприза од финалето во Париз, каде Реал беше подобар и победи со голот на Винисиус. Ждребот сакаше двата гиганти да ги одмерат силите во раната фаза оваа година, па ќе гледаме голема борба за четвртфинале.

Тимот на Јирген Клоп заврши на второто место во групната фаза, па беше јасно дека ќе добие силен противник во осминафиналето. Во последните пет години Ливерпул само еднаш беше елиминиран во оваа фаза и тоа од другиот клуб од Мадрид – Атлетико. „Црвените“ имаа многу потешкотии оваа сезона, играа под очекувањата, но минатата недела запишаа две важни победи, па впечатокот е дека тимот на Клоп полека влегува во ритам и овој меч за нив доаѓа во вистински момент. Иако влогот е голем, сепак Ливерпул нема да игра безглаво бидејќи има реванш, но секако дека ќе се обиде со предност да патува во Мадрид. Иако Клоп негира, сепак неговиот тим ќе има посебен мотив да се одмазди за поразот во финалето минатата сезона. Што се однесува до тимот, добрата вест е дека Нуњес ќе биде спремен за игра, а Клоп нема да може да смета на Дијаз, Алкантара и Конате.

Реал во ЛШ никогаш не треба да се потцени

Се чини дека овој дуел доаѓа во најлош период за Реал Мадрид. „Кралевите“ не се во најдобра форма во последно време, заостануваат цели 8 бода зад лидерот Барселона, а имаат и многу кадровски проблеми. Меѓутоа, Реал многу пати покажал дека какви и проблеми да има никогаш не треба да биде отпишан во Лигата на шампиони. Анчелоти е експерт за двомеч дуели и знае точно како се игра во 180 минути за да се оствари целта. Проблем може да биде отсуството на Чуамени и Крос, бидејќи тоа се двајца фудбалери кои доминираат во средниот ред. Сепак, најдобрата вест е што Бензема е спремен за игра и ќе биде во стартниот состав. Анчелоти знае дека конечниот победник ќе се решава на „Сантиаго Бернабеу“, па ќе се обиде да ја неутрализира играта на Ливерпул, нема да му дозволи да доминира и ќе се обиде непоразен да се врати во Мадрид.

Очекување

Во вакви натпревари никогаш нема фаворити, но Ливерпул е во предност поради подобрата форма и домашниот терен. Очекуваме тактички одличен натпревар, но бидејќи не важи правилото со гол на гости, сепак очекуваме офанзивни тимови од двете страни, што е предуслов за возбудлив меч и голови на двете страни.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ