среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsДенот на ретки болести одбележан во Штип
spot_img

Денот на ретки болести одбележан во Штип

Со цртежи и боење на дланките во различни бои во Штип се одбележа 28 февруари – Светскиот ден на ретки болести.

Претседателката на Здружението ПКУ „Херои”, Софија Чоловиќ-Јордев, истакна дека целта е да се покаже дека сите сме исти и еднакви , но и институциите повеќе да се вклучат за лицата со ретки болести да се чувствуваат како дел од општеството.

–Оваа акција првпат ја организираме во нашиот град и со неа сакаме да ја подигнеме јавна свест за ретките болести. Поканивме ученици од средното медицинско училиште во Штип да остварат една работилница и преку нивните идеи ќе ја дадат поддршката за ретките болести. Целта е да дадеме помош и поддршка на сите семејства и засегнати лица, рече Јоредва.

Минатата недела зградата на Општина Штип беше обоена во разни бои во знак на поддршка на ретките болести. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, истакна дека децата со ретки болести нема да плаќаат партиципација во градинките.

–Знаете дека овие денови општинската зграда е обоена во знак на поддршка. Но, ние нема да застанеме овде. Со одлука на Советот, сите деца со ретки болести ќе бидат ослободени од плаќање партиципација во градинките, изјави Јорданов.

Учениците од СОУ „Јане Сандански” од Штип беа вклучени и преку цртежи ги доловуваа своите видувања за ретките болести.

–Јас како претставник на средното медицинско училиште заедно со 20 ученици сме овде да дадеме поддршка на лицата со ретки болести. Како училиште овде сме да им дадеме голема поддршка на здружението ПКУ „Херои” и на овие дечиња бидејќи тие се навистина херои, истакна Маја Гичева, директор на СОУ „Јане Сандански”.

Денот на ретките болести низ целиот свет се одбележува од 2008 година на последниот февруарски ден. Активностите вклучуваат илуминација на објектите, организирање разни работилници, споделување едукативни материјали со цел да се подигне свеста кај населението и институциите за ретките болести.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ