петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаДемант од ЕУ: НЕМА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИМА ЈАЗИК КОЈ ГО ЗБОРУВААТ ГРАЃАНИТЕ...
spot_img

Демант од ЕУ: НЕМА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ИМА ЈАЗИК КОЈ ГО ЗБОРУВААТ ГРАЃАНИТЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Еден ден по посетата на Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен, која обраќајки се пред пратениците во Собранието рече:

„Јас ја слушнав загриженоста за јазикот и идентитетот. Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа. Затоа, во ревидираниот предлог јасно стои македонскиот јазик без квалификации од ЕУ“, стигна демант од Брисел.

На денешниот брифинг на Европската Комисија со новинарите на прашање на новинарката Тања Милевска што значи изјавата на Претседателката Фон дер Лајен „Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ќе го повторам ова, нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа.“, од заменик портпаролот Дана Спинант доби одговор дека Фон дер Лајен всушност мислела на јазикот кој го зборуваат граѓаните во Северна Македонија.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ