четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотДали знаете како всушност настанала молитвата „ОЧЕ НАШ“? Ја изговараат милиони верници...
spot_img

Дали знаете како всушност настанала молитвата „ОЧЕ НАШ“? Ја изговараат милиони верници ширум светот!

„Оче наш“ е секако најпознатата христијанска молитва која секојдневно ја кажуваат милиони верници ширум светот. Еве како е создадена според традицијата.

Најчеста молитва меѓу верниците од сите христијански цркви е „Господната молитва“, позната и по почетните зборови „Оче наш“.

Таа е наречена „Господна молитва“ затоа што се верува дека првпат ја изговорил самиот Исус Христос, кој ги научил апостолите да се молат велејќи: „Така молете се…“ (според Евангелието по Матеј) или „Кога се молите , кажете…“ (според Евангелието по Лука).

Оваа молитва е запишана во Библијата, во две од четирите книги на евангелијата од Новиот завет. Преведена е на сите јазици во светот што ги зборуваат христијаните, а како што е приспособена на локалните јазици, секогаш малку отстапува од оригиналот напишан во Библијата.

Како и сите други молитви, вообичаено е „Оче наш“ да завршува со „амин“ од верниците. Интересно е што во Ерусалим постои црква наречена Патер ностер (Оче наш).

Според преданието, овде Исус за последен пат ги собрал апостолите и ги научил на молитвата „Оче наш“. Во спомен на тој настан, текстот на молитвата е испишан на ѕидовите на црквата на над 100 јазици.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ