петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија„Гукна“ Џафери: И моето дете има право да ги користи сите права...
spot_img

„Гукна“ Џафери: И моето дете има право да ги користи сите права како и другите луѓе

Претседателот на Собранието Талат Џафери не сака да ги коментира реакциите во јавноста дека неговиот син е на листата на положени идни судии и обвинители во Академијата за судии и јавни обвинители. Тој на денешната редовна средба со новинарите кажа дека неговиот син има право да ги ползува сите благодети што им припаѓаат и на другите луѓе.

„Јас сум свесен дека моето семејство е на удар на јавноста поради функцијата што ја извршувам. Сензацијата е секогаш поголема кога станува збор за дете на висок функционер. Но како и сите други и моето дете има право да ги користи сите права, да конкурира и да биде примен на работа“, изјави Џафери по средбата со новинарите.

Тој се осврна и на предметот кој го отвори Антикорупциската комисија и кажа дека тоа е завршена работа затоа што комисијата го затворила предметот со констатација дека нема докази дека синот на Џафери Блеарт направил било каква злоупотреба.

Синот на Џафери беше на удар на јавноста откако Антикорупциска објави дека тој е еден од 499 студенти по право кои иако не ги исполниле условите сепак им било дозволено да полагаат правосуден испит.

Подоцна Џафери помладиот беше примен на Академијата за судии и јавни обвинители која вчера ја објави ранг листата на положен завршен испит како кандидати во Академијата. Тоа се идните судии и обвинители а меѓу нив е и Блеарт Џафери, синот на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ