сабота, април 20, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаГранатирање во регионот на Киев, напад во Чернигов и Дњепар
spot_img

Гранатирање во регионот на Киев, напад во Чернигов и Дњепар

Државната служба за вонредни ситуации на Украина соопшти дека утрово во Киев се пријавени два пожари кои избувнале како резултат на гранатирање.

Погоден е магацин за складирање замрзната храна во регионот на Киев по што се запалил. Службата соопшти дека пожарот е локализиран и гаснењето сè уште трае.

Оперативниот координативен центар на Главната дирекција на Државната служба за вонредни состојби на Украина во Киев потоа добил дојава и за пожар кој избувнал на улица во областа Подолск во главниот град. Погодена била административна зграда чиј покрив се запалил. Пожарот е изгаснат.

Украинскиот северен град Чернигов утрово повторно беше цел на руски напади, а ситуацијата во опколениот град секој ден се влошува, јави Би-Би-Си Украина.

Со оглед на тоа постојано се гранатира и е цел на воздушни бомбардирања, во градот се целосно прекинати снабдувањето со гас, топлинска енергија и вода.

Залихите кои луѓето ги собрале наскоро ќе се потрошат. Струја има само во неколку области, а поголемиот дел од градот е без светло и комуникациите се прекинати, јавија локалните медиуми.

И Дњепар беше еден од градовите кои утрово беа гранатирани од руска страна, но градоначалникот Бориј Филатов информира дека украинските системи за противвоздушна одбрана успешно го одбиле нападот.

Како што јави „Киев Индипендент“, во нападите нема жртви.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ