вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsГрадоначалникот на Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во...
spot_img

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов добил закана по живот од вработен во Општината

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов добивал вербални закани од лице вработено во Општината во последните неколку месеци, но ги пријавил заканите вчеравечер откако истото лице му ги исекло гумите на службениот автомобил.

Јорданов за „А1он“ потврди дека заканите биле сериозни, но дека сите детали ги изнел во полицијата и не сака да ги открива за да не влијае врз истрагата.

– Да, точно е, синоќа бев во полициска станица за да го пријавам вработениот од Општината. Ми се закануваше вербално неколку месеци и сите детали од неговите закани се во полицискиот записник. Не сакам да откривам ништо повеќе за да не влијаам на истрагата и поради презумпцијата на невиност – истакна Јорданов за „А1он“.

Запрашан дали се чувствува безбедно и каков му е односот со заканувачот, градоначалникот рече дека е безбеден, но ќе остави на истражните органи да ги објават причините зошто вработениот му се заканувал.

Претходно „А1он“ објави дека штипската полиција синоќа во 22.45 минути добила пријава од градоначалникот на Штип, Иван Јорданов дека лице вработено во Општина Штип му се заканувало во последните неколку месеци, а истото лице истата вечер ги исекло гумите на службеното возило на градоначалникот.

„На 21.03.2023 во 22.45 часот во Полициската станица Штип, И.Ј.(35) – Градоначалник на Општина Штип, пријавил дека Ј.М. од Штип, вработен во Општина Штип, во неколку наврати во последните неколку месеци му упатувал закани. Според пријавеното, околу 19.40 часот гумите на службеното возило, кое го користел И.Ј., од страна на Ј.М. биле исечени. Се работи на расчистување на случајот“, потврдија за „А1он“ од МВР.

Безбедносните камери го снимиле лицето кое му ги исекло сите четири гуми на службеното возило на градоначалникот Јорданов.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ