петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивотГоведското поскапено 100 денари, пилешкото 60, јајцата 40 денари
spot_img

Говедското поскапено 100 денари, пилешкото 60, јајцата 40 денари

И оваа недела веб сервисот Ценометар.мк беше на терен низ најголемите маркети во Македонија, и покрај најавувањата од Владата и Министерството за финансии, за смрзнати маржи, забележително беше драстично поскапување кај многу производи!

Едни од најдрастично поскапените производи, во најголемите трговски ланци како КАМ, Стокомак, Рамстор, Тинекс и Кипер се следните:

-Табла јајца 30/1 поскапена од 172 до 225 денари – поскапување од околу 40 денари
-Мало пакување јајца 10/1 – поскапено за 10 денари
-Говедското свежо месо е поскапено за 80 до 100 денари
-Свежо пиле – поскапено од 30 до 60 денари по килограм
-Свеж пилешки стек – поскапен за 30 до 40 денари
-Замрзнати батаци 10 до 20 денари поскапување
-Пивата генерално поскапени за над 10 денари по литар
-Риба ослиќ – поскапена за над 10-15 денари
-Паштета аргета пилешка – поскапена за 2 денари
-Брашното или е повлечено од рафтови или е поскапено за отприлика 10 денари зависно од маркет до маркет
-Маслото за јадење поскапено за 5-10 денари во одредени маркети
-Овошјето и зеленчукот немаа позначителни промени, но го нема на рафтовите

Може да се заклучи дека ценовната спирала е без контрола ослободена!

Користете го Ценометар.мк и заштедете на храна и секојдневни производи!

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ