четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло време, попладне пороен дожд
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло време, попладне пороен дожд

Денеска претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени, а дневната од 18 до 29 степени.

Во Скопје претпладне сончево и топло време со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Темоературата ќе се движи во интервал од 12 до 26 степени.

И утре ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, додека попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за изолирана појава на град.

Во Скопје утре претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ