четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и врнежливо низ цела Македонија
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Облачно и врнежливо низ цела Македонија

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд. На некои места попладне и во вечерните часови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура денеска ќе биде од 3 до 7, а во текот на денот ќе се искачи до максимални 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни попладне и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурата ќе се искачи до 15 Целзиусови степени.

Утре, како што најавуваат од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, во утринските часови ќе има локален дожд, а попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре наутро ќе биде од 1 до 8 степени, а во текот на денот ќе се искачи до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје и утре ќе биде променливо облачно, а во утринските часови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата утре во Скопје ќе биде до 17 Целзиусови степени.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ