петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: „Марта“ денес ќе ни донесе облачно време - Попладне се...
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: „Марта“ денес ќе ни донесе облачно време – Попладне се очекува пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот ќе започне да дува силен ветер од северен правец кој ќе продолжи и во текот на ноќта што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминуваат во слаб снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 11, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека во вторник времето ќе биде променливо облачно, ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 километри на час. Потоа следните денови времето ќе биде стабилно, в среда и четврток со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ