четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Македонија ја очекува променливо облачно време со сончеви периоди
spot_img

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Македонија ја очекува променливо облачно време со сончеви периоди

Денеска во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната утринска температура ќе се движи во интервал од 0 до 8 степени, а дневната од 9 до 20 степени.

Во Скопје променливо oблачно време со сончеви периоди и ветровито со умерен до засилен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе биде 5 степени, а максималната дневна 18 степени.

Утре во Македонија времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната дневна температура ќе достигне до 24 степени.

Во Скопје сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец и температура до 22 степени.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ