Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.
Ќе дува слаб до умерен претежно западен ветер, поизразен во западните делови каде повремено ќе засилува.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер.
Утринските температури ќе се движат околу нулата, а максималните дневни температури до 18 степени.