петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВработените во училиштата и градинките во Штип започнаа со штрајк
spot_img

Вработените во училиштата и градинките во Штип започнаа со штрајк

Вработените во училиштата и детските градинки од денеска на штрајк. Дел од учениците и децата во градинките останаа дома, дел беа згрижени. На терен во Штип, во детската градинка Астибо која располага со пет објекти поголем дел од дечињата беа згрижени, бидејќи како што истакна директорката Билјана Трајчевска, штрајкуваат помал дел од вработените, со што немаат потреба од замениски персонал.

„Детската градинка Астибо Штип својата дејност ја остварува во пет објекти. Денес на штрајкот сите пет објекти во кои згрижуваме дечиња се отворени, сите дечиња кои имаат потреба од услугите на градинката се згрижени, родителите ги донесоа дечињата, има парно, храна. Во нашата установа се вработени 141 лице , од кои 26 се на штрајк“ – кажа Трајчевска.

Во детската градинка „Вера Циривири Трена“ штрајкуваат околу 60% од вработените, кажа директорката Софка Атанасова. Меѓутоа децата се згрижени преку внатрешна организација на вработените кои не се на штрајк денеска.

Штрајкот за прв пат е без пријави за притисоци од страна на директорите истакна претседателот на регионален одбор на СОНК Штип, Маријан Костадиновски. Тој додаде дека штрајкот се одвива според најавите.

„Штрајков е организиран и се спроведува во две смени, земајќи во предвид дека се работи за мали дечиња. Некои наставни држат настава, но нивниот број е мал“ – додаде Костадиновски.

Штрајкот продолжува и во наредните денови се додека не се исполнат барањата на вработените во училиштата и градинките. Инаку, вработените се на работните места, но не ги извршуваат своите работни задачи, односно нема настава.

Лаура Стојанова М-Нет

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ