среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо Штип се воведува солидарна паркинг зона, 20% од цената ќе оди...
spot_img

Во Штип се воведува солидарна паркинг зона, 20% од цената ќе оди за хуманитарни цели

Во Штип, кој располага со 800 паркинг места, се воведува посебна паркинг зона, каде што 131 место ќе бидат наменети за хуманитарни цели.

Според усвоената одлука од Советот на Општината, овие паркинг зони ќе бидат на пет локации во централното градско подрачје околу реката Отиња, кои во наредниот период ќе бидат посебно означени, при што 20% од цената на паркирањето ќе биде наменето за локални хуманитарни цели.

„Хуманитарната паркинг зона е во центарот на Штип, на платформите на реката Отиња кај Здравствениот дом и Народниот театар, кај судската зграда и трговскиот центар, кај плоштадот Слобода и ОУ ‘Ванчо Прќе‘ пред зградата на Општината, каде што граѓаните кога доаѓаат за свои итни потреба не можат да најдат слободен паркинг. Ваквата зона ќе овозможи да има повеќе места за паркирање на главните паркинзи и да има средства за хумани цели“, појаснија поднесувачите на предлогот од локалната власт.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ