петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо Штип денеска беше одбележан Денот на пожарникарите (ФОТО)
spot_img

Во Штип денеска беше одбележан Денот на пожарникарите (ФОТО)

Со тактично показни вежби при сообраќајни несреќи и изложба на опремата и возилата со која располага Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ)-Штип денеска беше одбележан Денот на пожарникарите.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека споредбено со минатите години штипската ТППЕ и пожарникарите располгаат со нова опрема, униформи и современо возило. Но, тој апелираше до централната власт да ги исплаќа блок додатициите за пожарникарите согласно утврдените законски решенија.

-Но, жалосно е тоа што средствата што ги добиваме како блок дотации од година во година се се помали и помали и не се доволни ниту да се покријат платите на пожарникарите, а пак камоли да зборуваме за осовремување и инвестирање во единицата. Сето она коешто ние го преземаме како локална самоуправа е средства кои ги издвојуваме, за да овие вработени се стекнат со соодветни вежби, со соодветна опрема за да бидат навистина на висина на задачата, вели Јорданов.

Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев истакна дека денеска по повод Денот на пожарникарите организираа Отворен ден, а посета имаа од страна на децата од детските градинки и училиштата во Општина Штип.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ