четврток, март 28, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВо центарот на Штип поставен споменик на светите браќа Кирил и Методиј
spot_img

Во центарот на Штип поставен споменик на светите браќа Кирил и Методиј

Во центарот на Штип се подигна споменик на Кирил и Методиј на местото каде што пред 70 години се наоѓало најстарото основно училиште во Штип, кое го носело името на просветителите.

„Не случајно е одбрана оваа локација пред Соборниот храм ‘Св.Никола’ во Штип која одговара за еден ваков споменик, а идејното решение го искомбиниравме со кружниот тек, па оценивме дека во неговата средина најмногу одговара да се наоѓа споменикот“,  вели градоначалникот Иван Јорданов.

Според него, споменикот се гради со финансиска помош на штипски компании кои сами се понудиле да партиципираат во инвестицијата. За уредувањето на кружниот тек и за подигнувањето на споменикот Општината вложи само 600.000 денари. За проектите има одлуки на Советот на Општината.

Споменикот на светите браќа ќе бие откриен утре на Денот на сесловенските просветители. По тој повод Советот на Општина Штип ќе одржи и свечена академија во чест на Кирил и Методиј.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ