четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаБалканВо невиденото злосторство во Белград згасна и животот на младиот виртуз на...
spot_img

Во невиденото злосторство во Белград згасна и животот на младиот виртуз на пијано, детето што го свиреше Паганини

Mомчето Андрија Ц. (14) едно од осумте деца кои Коста Крсмановиќ (13) ги уби на лице место во ОУ „Владислав Рибникар“ со истрели од пиштол, бил познат пијанист, се занимавал со тенис и фотографија, пишува српскиот портал Република.

Андрија Ц., кој на 5 март наполни 14 години, е добитник на неколку први награди на државни и меѓународни музички натпревари, како и добитник на специјалната награда за изведба на композицијата Burgmuller Etude D major во 2019 година. Исто така, настапи на неколку концерти и учествуваше на меѓународен натпревар.

„Сакам да возам велосипед, се занимавам со фотографија и правам интересни видеа кои ги подвлекувам со интересна музика. Сакам математика, сакам спорт, а особено сакам тенис. Би сакал да го свирам „Унгарски игри“ од Брамс, „Турски марш“, ми се допаѓа и Рахмањинов“, изјавил Андрија Ц. кој го изведе Паганини во видео кое стана вирално на социјалните мрежи, а во кое за време на неговата приказна свири песната на Дино Мерлин „Eh da je tuga sneg“.

Неговата богата биографија ја заокружи со одењето на Детската евровизија на крајот на ноември 2020 година, кога како член на националното жири настапуваше за својата земја во Варшава.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ