На 02.02.2022 во 23.24 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Лески“ во Штип настанал пожар во патничко моторно возило „тојота јарис“, сопственост на П.А.(50) од Штип. Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Штип, а повредени лица нема. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип.
извор: mnet.mk