вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВонредни вести: Разбиен полициски магацин во Македонија од кој се украдени...
spot_img

Вонредни вести: Разбиен полициски магацин во Македонија од кој се украдени околу 50 бомби

Во Охрид, во Полициска станица на Граничната полиција при Регионален центар Запад вчера попладнето обиен е магацин и извршена е кражба на околу 50-ина разни бомби и друга запленета опрема, неофицијално дознава „Нетпрес“ од полициски извори.

Интересно е што според истите извори, во првичните изјави никој ниту видел, ниту слушнал нешто сомнително, иако сѐ се одвивало непосредно до полициската станица.

Изворите на „Нетпрес“ наведуваат дека целото Министерство за внатрешни работи е „кренато на нозе“. Утрово, според најавите, ќе се врши увид и ќе се утврдува што точно е изнесено од полицискиот магацин.

Извори од охрдиската полиција велат дека воопшто не се вршело обезбедување на магацините, и дека тоа било со аминување на Министерството за внатрешни работи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ