петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВонреден инспекциски надзор во штипската болница откако почина 25 годишното момче од...
spot_img

Вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако почина 25 годишното момче од лекарска грешка

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) прави вонреден инспекциски надзор во сите институции во кои било третирано 25-годишно момче од Берово кое почина по вадење заб.

Директорката Иринка Сотирова-Бухова вели дека вонредниот надзор е почнат.

„Надзорот во болницата во Штип ќе биде утре. Инициран е вонреден надзор не само во оваа болница туку и во сите останати здравствени институции во кои било третирано момчето“, рече директорката Сотирова-Бухова.

Момчето починало на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје каде што било донесено во многу тешка состојба.

Роднини на момчето на социјалните мрежи споделуваат дека починало оти во штипската болница дренот по интервенцијата на забот му бил ставен наопаку, поради што била предизвикана сепса, а било испратено дома.

Текстот Вонредeн инспекциски надзор во клиниките каде што било третирано 25-годишно момче кое почина по вадење заб е превземен од МАКФАКС.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ