петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВМРО-ДПМНЕ И АА: ВЛАДАТА ИТНО ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПОЛОВИНА ОД АКЦИЗАТА
spot_img

ВМРО-ДПМНЕ И АА: ВЛАДАТА ИТНО ДА СЕ ОТКАЖЕ ОД ПОЛОВИНА ОД АКЦИЗАТА

Не стивнуваат реакциите за зголемувањето на цената на горивата. Партиите денеска во клинч откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Мицкоски  на ИК најновото покачување на цените на горивата го окарактеризира како жесток социјален удар врз граѓаните, а на својот ф.б профил Мицкоски и денеска ја повика власта зошто на врем,е не реагирала ако за ова знаела уште пред 4 месеци.  

Она што денес се случува во Македонија не е одраз на војната во Украина, туку последица на неспособната Влада. Поскапувањето на бензините е жесток социјален удар врз граѓаните во секој поглед, врз вработените, невработените, земјоделците, индустријата, стопанството. 

Не е време за изговори. Владата итно да се откаже од половина од акцизата која ја добива од горивата и да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ кој е заглавен низ собраниските лавиринти за намалување за 50 проценти на акцизата.

И коалицискиот партнер на Мицковски Алијансата за Албанците денеска на пресконференција излегоа со сет предлг на мерки  содржани во 4 точки. Од Бихаќка пак денеска велат се подготвува нов пакет на мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните со кој би се надминале сите негативни последици .

Иако предлогот за намалување на акцизите но и на ДДВ за храната стигна како предлог до собранието на опозициската ВМРО-ДПМНЕ сепак СДСМ и ДУИ пред десетина дена истиот го одбија во законодавниот дом.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ