вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаБалканВклучен црвениот аларм: Сирени за тревога одекнуваат низ Косовска Митровица, граѓаните шокирани...
spot_img

Вклучен црвениот аларм: Сирени за тревога одекнуваат низ Косовска Митровица, граѓаните шокирани (ВИДЕО)

Попладнево во северниот дел на Косовска Митровица се слушнаа сирени за тревога.

Тие беа многу гласни, што ги испаничија граѓани, особено луѓето со мали деца кои се најдоа на улица, јавува КосСев. Граѓаните од северот на Косово известуваат дека на повеќе локации се поставуваат барикади, јавува Н1 инфо..

На северот на Косово вечерва граѓаните поставија барикади во градовите Рударе и Жупча, недалеку од Зубина Поток, јавува Косово онлајн.

Неколку десетици лица го блокираа главниот пат Приштина-Рашка, во местото Рударе кај Звечани, јави РТС.

Заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион, Бесим Хоти, за Косев потврдил дека има блокада во Зубин Поток кај Вараг и во Рудар.

Од утре Косово воведува забрана за влез на нејзина територија за лица со српски легитимации и наместо тоа ќе издаде тримесечен „документ за влез-излез“.

Забранета е и употребата на регистарските таблички КМ (Косовска Митровица) издадени во Србија за градовите на северот на Косово, поранешна српска покраина која прогласи независност во 2008 година и не е призната од Белград.

Станува збор за реципрочни мерки бидејќи Србија цели 11 години не дозволува влез на државјани на Косово со косовски документи, туку им издава посебни дозволи.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ