четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонијаВклучен црвениот аларм: Домати затруени со забранети пестициди сепак се продаваат низ...
spot_img

Вклучен црвениот аларм: Домати затруени со забранети пестициди сепак се продаваат низ пазарите во Македонија?!

Документ со анализа на домати направен во лабораторијата на Факултот за ветеринарна медицина во Скопје покажува дека во земјава сепак влегле домати со недозволена концентрација пестициди. Пред десетина дена на социјалните мрежи се појави информација дека 10 камиони небезбедни домати со потекло од Албанија се увезени во Македонија и дека се опасни по здравјето на луѓето. Веднаш потоа Агенцијата за храна и ветеринарство испрати демант до сите медиуми во кој се вели дека оваа информација е лага.

Но, анализите до кои дојде редакцијата на МКД.мк и за кои побара толкување од професорката од Земјоделскиот факултет Станислава Лазаревска, покажуваат дека во доматите кои се испитувале има една забранета состојка и една состојка со количина над дозволената.

Состојката хлорперифос метил која ја има во анализите е забранета, односно се работи за активна материја која не е дозволена во земјоделската регулатива. Од јануари 2020 година постои забрана за увоз на производи кои ја содржат оваа состојка и ако често се конзумираат производи кои ја имаат, тие доведуваат до хронични промени на здравјето на луѓето. Ние имаме регулатива за внес на храна која е усогласена со европската и е многу строга, само треба да се почитува. Ако се утврди дека има производ со овој инсектицид, тој требало да се врати или да се уништи, но никако да се увезе. Хлорперифос метил не смее да има во ниту еден производ. Втората состојка од анализите, перимифос метил има вредност која е поголема од дозволената, значи и тоа не е во ред. Сѐ што е забрането или во зголемена вредност не смее да се увезува и да имаме такви производи“, вели во изјава за МКД.мк професорката Лазаревска толкувајќи ги анализите кои ѝ ги испративме.

Пестицидот хлорперифос (Chlorpyrifos methyl) e забранет во ЕУ и во САД.

На прашање што значи тоа за оние граѓани кои веќе ги купиле и изеле тие домати, Лазаревска вели дека тоа е веќе изедено и затоа постојат инспекции кои не треба да дозволат влез на земјоделски производи со забранети состојки и дека штом нешто забрането, значи дека е штетно.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ