среда, април 24, 2024
spot_img
ПочетнаШтип NewsВистинска љубовна сторија: Запросување на девојка од Штип при пливање со делфини...
spot_img

Вистинска љубовна сторија: Запросување на девојка од Штип при пливање со делфини во Турција (ФОТО)

„Моја животна желба ми беше да бакнам делфин, па кога стигнавме таму тој ми рече дека сега е вистинскиот момент за остварување на мојата желба. Додека јас пливав со делфинот, Александар успеал да организира инструкторот да ме задржи повеќе од предвиденото и тој да влезе со прстенот…“, раскажува Симона Тодоров (22) од Штип за CRNOBELO.com.

Симона Тодоров (22), студент на Економски факултет во Штип е во брак со Александар Тодоров (24) исто така студент на Економски факултет во Штип.

Таа за CRNOBELO.com се присетува на убавите спомени од мигот кога Александар ја запросил.

Ни открива дека по 7 години врска, тој ја запросил додека биле на летен одмор во Труција.

„Запросувањето се случи на нашиот летен одмор во Турција, кое ни беше планирано 3 месеци однапред. По одморот, Александар ми откри дела одлучил да ме запроси само неколку седмици пред да тргнеме, чувствувал дека тоа е вистинското место. Најинтересно е тоа што тој го криел прстенот во мојот автомобил, а јас не го ни видов. Запросувањето се случи во Аква паркот „Land of Legends“ во Турција, изјави Симона.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ