петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивот(ВИДЕО) Чудо: Kуче по 25 дена извлечено од урнатините во Турција
spot_img

(ВИДЕО) Чудо: Kуче по 25 дена извлечено од урнатините во Турција

Во турскиот град Хатај, еден од најтешко погодените во двата разорни земјотреси на 6 февруари, дури 25 дена по земјотресот од под урнатините, беше спасено куче.

Тимовите на АФАД и другите кои работат на отстранување на урнатините во Антака во Хатај, го слушнаа гласот под еден од урнатините, по што следеше потрагата.

По успешното дејствување на тимовите за пребарување и спасување, 25 дена од разорните земјотреси, од под урнатините успешно извлекоа куче териер.

Откриено е дека кучето под урнатините, каде што било затрупано, успеало да најде храна и на тој начин преживеало. Кучето било пренесено во ветеринарна клиника.

За време на отстранувањето на урнатините, било пронајдено и телото на лицето кој бил сопственик на спасеното куче.

https://makfax.com.mk/svet/evropa/%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE-k%D1%83%D1%87%D0%B5-%D0%BF%D0%BE-25-%D0%B4%D0%B5%D0%BD%D0%B0-%D0%B8%D0%B7%D0%B2%D0%BB%D0%B5%D1%87%D0%B5%D0%BD%D0%BE-%D0%BE%D0%B4-%D1%83%D1%80%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B8/

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ