вторник, април 23, 2024
spot_img
ПочетнаСцена(Видео) Пејачот на удар на критики поради вулгарниот спот за новата песна: „Ова не смее да го гледаат деца...“.
spot_img

(Видео) Пејачот на удар на критики поради вулгарниот спот за новата песна: „Ова не смее да го гледаат деца…“.

По пет дена од објавувањето на спотот за песната „I’m Not Here To Make Friends“, не се намалува гласот на критичарите кои сметаат дека видеото е премногу сексуално за да биде слободно достапно за сите луѓе на платформата Јутјуб.

Критичарите сметаат дека достапноста на гледање на спотот мора да се ограничи на корисниците над 18 години поради „непристојната природа“.

Ова е вториот сингл на новиот албум на пејачот – „Gloria“, по мегапопуларниот хит „Unholy“.

Спотот којшто го режирал Тан Муињо го прикажува Сем Смит со танчари и танчарки во сугестивни аутфити, како комбинезон којшто покрива сè освен задникот.

Наредните кадри прикажуваат мажи во кожна долна облека како се тркалаат на кревет и на подиумот за танцување, а самиот пејач изменил неколку декадентни фустани, корсети и потпетици за 4-минутниот спот.

Тоа што на критичарите им привлекло најголемо внимание е тоа што Сем носи украсни фластери за брадавици, а пејачот на критиките одговорил со фотографија на својот Инстаграм профил.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ