петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаСцена(ВИДЕО) Падот на славната пејачка на „Brit Awards“: „Барем знаеме дека пее...
spot_img

(ВИДЕО) Падот на славната пејачка на „Brit Awards“: „Барем знаеме дека пее во живо…“

Британската музичка ѕвезда Ен Мари и сопственичка на популарниот хит „Rockabye“ која го сними со бендот „Clean Bandit“, на синоќешното доделување на „Brit Awards“, имала мал инцидент на сцената.

Ен Мари го започнала својот настап на „Brit Awards“ самоуверено, но на почетокот од изведувањето на песната сцената била слабо осветлена, па пејачката се лизнала на скалите.

Таа неправилно стапнала на скалата, па ја изгубила рамнотежа и паднала. Но, сепак застанала на колена како шампион и продолжила да пее како ништо да не се случило.

Иако паднала низ петте скали, таа само еден стих од песната „прескокнала“, па продолжила да пее понатаму. На видеото се гледа како точно изгледал нејзиниот пад.

По настапот, на социјалната мрежа Инстаграм, Ен Мари напишала:

„И онака не ми треба левиот глужд. Има, модринка, но малку мраз ќе го реши проблемот“.

Очигледно дека пејачката се повредила, но повредата не е сериозна.

Луѓето по падот на Ен Мари се сетиле и на тоа како кралицата на поп музиката Мадона „слетала“ на сцена на „Brit Awards“ откако танчарот ѝ ја повлекол наметката.

„Барем знаеме дека пее во живо“, „Пропадна жената“, „Ова мора да болело, но продолжи да пее како ништо да не се случило“, се само дел од коментарите.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ