четврток, април 18, 2024
spot_img
ПочетнаСвет(ВИДЕО) Не мирува тлото: Нова трагедија во Турција – се урна шесткатница
spot_img

(ВИДЕО) Не мирува тлото: Нова трагедија во Турција – се урна шесткатница

Шесткатна зграда целосно се урна во турскиот град Шанлиурфа, во областа Халилија, која беше погодена од земјотресот на 6 февруари.

На локацијата под урнатините припадници на Управата за вонредни ситуации на Република Турција, противпожарната бригада, медицински екипи и безбедносни сили трагаат по преживеани.

Гувернерот на Шанлиурфа, Салих Ајхан, изјави дека едно лице е пренесено во болница, а за друго се верува дека е заглавено под купот од бетон.

Градоначалникот Зејнел Абидин Бејазгул и други локални претставници веднаш излегоа на местото на несреќата.

Речиси два милиони луѓе останаа без покрив над главата во Турција по разорниот земјотрес.

Многумина беа сместени во шаторски кампови, па некои од луѓе почнаа да се враќаат во своите оштетени домови.

https://youtu.be/n9I9JiNcrS8

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ