петок, март 29, 2024
spot_img
ПочетнаМагазинЖивот(Видео) Неочекувано откритие на дното од Пацификот ги фасцинираше научниците, луѓето коментираат:...
spot_img

(Видео) Неочекувано откритие на дното од Пацификот ги фасцинираше научниците, луѓето коментираат: „Ова е патот до Атлантида“

аучниците со помош на дрон забележале неверојатно откритие на дното од Тихиот океан, северно од Хавајските острови.

Во текот на април, истражуван бил гребенот во чиј состав е најголемиот природен резерват на Земјата – Papahānaumokuākea (PMNM). Тие очекувале необичен растителен и животински свет, но не и „жолт поплочен пат“.

Подводно богатство

PMNM е заштитен регион под американското знаме. Зазема 363.073 километри квадратни од Пацификот, што значи дека е поголема од сите Национални паркови во САД заедно.

Особено интересен податок е дека тоа подрачје е истражено само 3 отсто на оваа локација, пренесува „Science Alert“.

Непрофитната организација „Ocean Exploration Trust“ го предводи истражувањето на PMNM и секојдневно објавува видеа на платформата Јутјуб.

Како база, користи брод EV Nautilus којшто е долг 63 метри, опремен со најмодерна технологија и подводни дронови.

Остатоци од езеро

Во текот на снимањето на гребенот (на длабочина од околу 3.000 метри), научниците наишле на нереална сцена.

„Дали се шегувате?“, „Навистина бизарно и лудо“, „Ова е патот за Атлантида“, возбудено коментирале.

Секако, не станува збор за некаква „древна сообраќајница“ скриена во длабочините на Пацификот, туку за остатоци од големо езеро.

Необични пукнатини

Иако лоцирано на дното од океанот, коритото на древното езеро делува изненадувачки „суво“. Во одредени делови личи на „пат поплочен со цигли“.

„Необични пукнатини од 90 степени најверојатно настанале со процесот на ладење и загревање“, сметаат научниците.

На прв поглед, тоа изгледа како „пат до некој нов, фантастичен свет“. Можеби тезата и не е неточна затоа што EV Nautilus ни открива делови од планетата кои не сме знаеле ниту дека постојат.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ