четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаМакедонија(Видео) Наместо со химната Славјанка во Лондон ја пречекаа со “Јовано, Јованке”
spot_img

(Видео) Наместо со химната Славјанка во Лондон ја пречекаа со “Јовано, Јованке”

Со церемонија со највисоки воени почести денеска започна официјалната посета на Обединетото Кралство на министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Како што соопштија од Министерството за одбрана, Петровска беше пречекана со добредојде на македонски јазик и со изведба на македонската народна песна „Јовано, Јованке“ на Воениот оркестар на Обединетото Кралство.

На средбата со британскиот министер за одбрана, Бен Валас, ја осудила руската инвазија на Украина и порачала дека НАТО сојузниците се обединети и подготвени да ја гарантираат безбедноста на земјите – членки на НАТО.

-Од Лондон ја испраќаме пораката дека ја осудуваме инвазијата врз Украина. Но, истовремено испраќаме и порака на обединетост на сојузниците и подготвеност да ја гарантираме безбедноста на државите – членки на НАТО Алијансата – рече министерката Петровска по средбата со Валас.

Британскиот министер Валас, пак, го потврди ставот дека НАТО е единствено во цврстата заложба кон колективната безбедност во НАТО.

извор: Фокус

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ