петок, април 19, 2024
spot_img
ПочетнаВидео(ВИДЕО)Гринвуд од Манчестер Јунајтед ја тепал својата девојка
spot_img

(ВИДЕО)Гринвуд од Манчестер Јунајтед ја тепал својата девојка

Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство.

Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната ѝ е раскрвавена.

„Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави“, напиша девојката под видеото.

Робсон на својот Instagram објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на „Црвените ѓаволи“. На оваа снимка може да се слушне дека мажот грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.

Сезонава 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер Јунајтед, постигнувајќи 6 гола и 2 асистенции.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ