Општина Штип ја информира јавноста дека од денес, па се до завршувањето на градежните активности, Булеварот „Гоце Делчев“ ќе биде затворен за сообраќај на потегот од кружниот тек кај „Хамачи“ сѐ до кружниот тек кај бензинската пумпа „Лукоил“ при излез од Штип.
Сообраќајот ќе биде регулиран така што булеварот „Гоце Делчев“ за влез во Штип ќе биде двонасочен.