четврток, април 25, 2024
spot_img
ПочетнаПолитикаБугарското собрание за денеска свика вонредна седница, ќе се расправа за односите...
spot_img

Бугарското собрание за денеска свика вонредна седница, ќе се расправа за односите со Македонија

Бугарското собрание за денеска свика вонредна седница на која меѓу другото ќе зборува техничкиот министер за надворешни работи Николај Милов за, како што наведуваат бугарските медиуми, нападите врз Бугарите во Македонија.

Во меѓувреме поради последниот инцидент во Охрид, односно претепувањето на секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, Христијан Пендиков, палењето на бугарскиот клуб во Битола „Иван Михајлов“ и нападот во клубот во Охрид, во Софија е повикан бугарскиот амбасадор во земјата Ангел Ангелов за консултација.

Бугарското МНР истакнува дека целта на консултациите е да запре, како што велат, опасниот тренд на зголемување на притисокот врз граѓаните во Македонија кои се чувствуваат како Бугари. Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Милков соопшти дека ги информирал своите колеги во Советот на ЕУ за случаите на зголемен притисок врз претставниците на бугарското малцинство во Македонија. По средбата пред бугарските новинари во Брисел, тој изрази очекување дека ЕУ ќе заземе став.

Во меѓувреме, македонскиот претседател Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност побара да му се забрани влез на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Пендаровски не го именуваше, но рече дека се работи за „европратеник од Бугарија“. Според Пендаровски, информациите кои директорите на Агенцијата за разузнавање и Агенцијата за национална безбедност му ги презентирале биле дека структури во Бугарија зад кои стои руската разузнавачка служба по секоја цена се обидуваат да ги нарушат односите меѓу двете држави и да го запрат и минираат евроинтеграцискиот процес на Македонија. Претседателот на државата изјави дека организирани структури во Бугарија, кои спроведуваат антидржавни кампањи кон земјава, се мобилизирани да поддржат организирано доаѓање на одбележувањето на 4 февруари – денот на раѓањето на Гоце Делчев.

ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ
Google search engine
spot_img
spot_img

ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ